ВИДЕО | Се шири снимка според која Путин не бил на велигденската литургија во Москва, но сепак бил

Фото: Твитер

„Асошиејтед Прес“, ги демантира ваквите непотврдени и невистинити податоци, дека Путин наводно бил претходно снимен и не присуствувал на полноќната велигденска литургија. Фотограф на „Асошиејтед Прес“ бил на богослужбата за Велигден во Москва на 24 април и го фотографирал Путин. 

На социјалните мрежи денеска се проширија видеа кои тврдат дека Владимир Путин воопшто не присуствувал на големата велигденска литургија во московскиот соборен храм. Сепак, подоцна се утврди дека ова не е точно. Путин бил на литургијата, а тоа го потврдија фотографиите на светските агенции.

Да потсетиме, руските медиуми објавија снимка од Владимир Путин на велигденската литургија на Руската православна црква. Путин застана на страна во московскиот соборен храм Христос Спасител, држејќи запалена црвена свеќа за време на полноќната литургија.

Потоа на социјалните мрежи се појави видео од Владимир Путин и неговите телохранители во празна катедрала во Москва. Корисниците на Твитер тврдат дека ова е доказ дека Путин всушност бил однапред снимен во катедралата и дека овие снимки потоа биле монтирани на снимката од велигденската литургија. Сепак, на сликата што се шири во долниот десен агол, се чини дека луѓето сѐ уште стојат во катедралата.

Друга снимка, која масовно се споделува, покажува снимка од Путин како стои пред фреската во катедралата, држи свеќа и си ја гризе усната. До него се гледа круна. Потоа следи снимка од свештеници, а зад нив е дел од фреската со круната, но не и Путин. Потоа следи снимка на која Путин стои покрај круната.

Во двете снимки, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин стои до Путин. Коментаторите на социјалните мрежи пишуваат дека Путин премногу се плаши од излегување во јавност откако ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари. Додаваат дека бојата на неговата вратоврска е различна на спорните снимки и фотографии на Путин кои беа објавени – црна е на снимките, и на фотографиите и кадрите на кои тој е црвена.

Не е јасно кога е направена снимката или дали е автентична, особено онаа што тврди дека го прикажува самиот Путин во соборниот храм.

„Асошиејтед Прес“, ги демантира ваквите непотврдени и невистинити податоци, дека Путин наводно бил претходно снимен и не присуствувал на полноќната велигденска литургија. Фотограф на „Асошиејтед Прес“ бил на богослужбата за Велигден во Москва на 24 април и го фотографирал Путин

Ројтерс“ и „Франс Прес“ исто така објавија свои фотографии од литургијата, на кои се гледа Путин како стои веднаш до градоначалникот на Москва. „АФП“ објави и снимка која јасно го прикажува рускиот претседател на литургијата заедно со членови на свештенството и верниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот