ВИДЕО: Се посрамоти претседателот на роденденот, Мадуро со маска се обиде да ги дувне свеќичките

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро секое свое лично доживување милува да го направи медиумуски настан, па не е исклучок од ова ниту прославата на неговиот 58. роденден.

Иако земјата се соочува со голема економска криза, покрај пандемијата која го погоди целиот свет, сепак Мадуро во друштво на сопругата и блиски пријатели и соработници, додека доминиканскиот пејач Бони Сепеда му пееше, си го прослави роденденот.

Насобраните гости не држеа дистанца, но повеќето имаа маска, а видеото од прославата стана вирално кога претседателот со маска на лице, се обиде да ги дувне свеќичките од големата роденденска торта.

Секако, неговиот обид беше безуспешен, па на крајот ги изгаси свеќичките со прсти и додека течеше аплаузот од гостите рече: „Ова покажува дека маската дејствува“.

Инаку и Венецуела тешко се справува со коронавирусот, па досега се забележани 100.143 случаи на заразени и 873 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот