ВИДЕО | Се породи Турчинка која бремена преживеа под урнатините: Среќна сум, но и тажна

Фото: TRT

Бремена жена која го преживеала силниот земјотрес во Турција, се породи во Бодрум. Таа била донесена во југозападната провинција Мугла, откако земјотресот ја зафатил нејзината провинција Хатај.

Исил Оздемир (22) била сместена во хотел под координација на турската агенција за управување со катастрофи – АФАД. Оздемир, која беше бремена во 39-та недела, го роди своето бебе по име „Дефне“ во државната болница во Бодрум.

Оздемир и нејзините роднини дојдоа во Бодрум од провинцијата Хатај погодена од земјотресот. Сопругот на Оздемир сè уште е во областа Антакта во Хатај.

„Јас сум и исплашена и многу среќна. Го држев моето бебе во раце здраво, но мојот сопруг остана во Хатај“, вели мајката.

Таа рече дека доживеале голема паника за време на земјотресите и дека биле преплашени за своето бебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот