ВИДЕО | Се појави видео кое докажува дека Луис Енрике лаже?
Шпанија вчера иако изгуби од Јапонија сепак се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство. Неколку минути на вториот натпревар кој се играше во ист термина Костарика водеше со Германија и ако така завршеше таа средба Шпанците ќе ги „пакуваа куферите“.
Голем дел од јавноста беше убедена дека Шпанија калкулирала и намерно изгубила за да оди на Мароко и да ја избегне Хрватска во осминафиналето. Луис Енрике на прес-конференцијата изјави дека воопшто не го знаел резултатот на натпреварот Костарика – Германија.
Многумина се сомневаа во таа негова изјава, а едно видео сега уште повеќе ќе не убеди дека Енрике добро знаел што се случува. На социјалните мрежи е објавено видео на кое може да се ивди како Коке од клупата за резерви во близина на Енрике им сугерира на соиграчите дека Германија направила пресврт и води со 3:2.
@adricontreras4Koke y Eric informan a sus compañeros del gol de Alemania (3-2)♬ sonido original – Adri Contreras