ВИДЕО: Се обиде да украде автомобил од ММА борец, еве како помина

Крадецот направи голема грешка/Фото: Принтскрин/instagram.com/bomayemma/

Американскиот ММА борец Џордан Вилијамс објави снимка од бензинската пумпа на својот Инстаграм профил.

Во видеото, Вилијамс влегува да ја плати сметката, додека крадец се обидува да му го украде автомобилот.

Само што крадецот правеше рикверц, Вилијамс излезе. Потоа го извлекол од автомобилот и му задал неколку удари.

На својот Инстаграм го објави видеото и ги извести фановите за овој инцидент..

Вилијамс во моментов е во низа од два порази, севкупно има девет победи и пет порази во УФЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Williams (@bomayemma)

Видео на денот