ВИДЕО: Се испотепаа чекајќи визи за Пакистан, 15 загинати во стампедо

Фото: EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Најмалку 15 лица загинаа во стампедо кое настанало пред пакистанскиот конзулат во Авганистан во вторникот додека илјадници луѓе чекале поднесување барање за виза, рекоа властите во источниот град Џалалабад.

Околу 3.000 Авганистанци се собрале пред конзулатот, рекоа за Ројтерс двајца покраински носители на власта, ден по трагедијата.

Пакистанските власти не издавале визи 7 месеци поради пандемијата од новиот коронавирус па се создаваат такви гужви.

Единаесет од 15-те жртви се жени, а меѓу повредените има и постари лица, изјави Сохраб Кадери, член на покраинскиот совет.

Десетици илјади Авганистанци секоја година патуваат во соседен Пакистан поради лекување, образование и работа. Двете земји делат речиси 2.600 километри долга граница.

Пакистан прими околу 3 милиони авганистански бегалци и економски мигранти кои побегнаа пред насилството, верскиот прогон, сиромаштијата во, со војна разрушената земја.

Властите во пакистанската амбасада во Кабул не биле достапни за коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот