ВИДЕО | „Се гледаат со часови“: Лабрадор си нашол сосема неочекувано пријателче во соседството

Фото: Инстаграм/„Brodie and Oliver“

Кучето Оливер, како и сите кучиња од неговата раса лабрадор ретривер, е многу дружељубиво животно, кое без проблем создава пријателства со сите во неговата околина.

Неодамна, тоа оформило сосема неочекувано пријателство со една преслатка верверица, на која ѝ го дале името Хелен.

@brodifur The key is to play it cool when she finally arrives so she doesn’t know how long you’ve been waiting. #keepitcool #dogthoughts #squirrellove #squirrels #oliverandhelen #hereiam #thesagacontinues ♬ original sound – Brodie and Oliver

Оливер вообичаено седи покрај прозорецот и секојдневно ја чека неговата пријателка. Кога таа, конечно, ќе пристигне, Оливер и Хелен се гледаат со часови.

Оваа преслатка глетка ги освои корисниците на платформата Тик-ток, кои не не можат да им се изнагледаат на симпатичните пријатели.

„Тие двајца се сродни души“, „Преслатки суштества“, се дел од коментарите на видеата.

@brodifur They just hang out and look at each other. 🐶🐿️ #bestbuds #squirrellove #doglife #dogsiftiktok #lookoflove #squirrels #closetoyou #animals ♬ original sound – Brodie and Oliver

Видео на денот