ВИДЕО: Се чека одлука за колку дена ќе се продолжи рокот за полагање проектна задача

Елизабета Наумовска диекторка на Државен испитен центар

Се уште ја чекаме конечната одлука на министерот за образование и наука Јетон Шаќири за колку дена ќе се продолжи рокот за полагање практичниот дел од матурскиот испит, кој поради штрајкот на наставниците не успеаја да го положат околу 1.600 матуранти, рече денеска во Утрински брифинг директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска.

–  Полагањето државна матура како и сите други активности во училиштата се одвиваат според однапред подготвен календар уште во месец август пред почетокот на учебната година, и тоа од страна на министерот за образование и наука. Во календарот за оваа година, проектната задача требаше да се полага до 21 април. За жал во голем број училишта таа не беше до крај реализирана поради штрајкот на наставниот кадар. Ние навремено сигнализиравме до министерот за образование за важноста од пролонгирање на рокот за полагање. Наш предлог беше пролонгирањето да биде за толку денови колку што траеше прекинот на настава, вели Наумовска.

Проектната задача ја полагаат и ученици кои полагаат училишна матура во гимназиско образование, или завршен испит во стручното образование така што можно е овој број на матуранти кои немаат положено во дадениот рок, да е уште поголем. Неполагањето на проектната задача нема да ги спречи матурантите да ги полагаат останатите предмети од државната матура, меѓутоа оние матуранти кои нема сега да положат, следниот рок е од 18 до 23 август, а тоа би значело пропушање на првите уписни рокови за упис на факултет.

– Ние како ДИЦ не сакаме да се пролонгираат другите рокови за полагање на државната матура, така што на 4 јуни ќе се полага задолжителниот екстерен предмет, односно мајчин јазик, на 13 јуни ќе се полага задолжителниот изборен предмет, додека од 15 јуни до крајот на јуни се полагаат двата интерни предмети во училишата. Прашањата се веќе подготвени, нив ги изготвуваат државни предметни комисии, крајниот избор на прашања го прави еден универзитетски професот, така што никој не ги знае прашањата што ќе ги има на испитот. Мое барање беше да нема трик прашања, туку прашања со кои ќе се добие вистинска слика за знаењето на учениците, објаснува Наумовска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот