ВИДЕО | Врели бакнежи на Ибица: Потврдена врската на Дикаприо и италијанскиот топ модел
Познатиот актер Леонардо Дикаприо има нова дама во животот, а тоа е италијанскиот супермодел Виторија Черети, пишуваат странските медиуми.
Двојката е забележана на неколку рандевуа во САД и во странство во последниве месеци, меѓу кои и летувањето на Ибица и во Италија, а сега е потврдено дека се заедно, пренесува „Пејџ сикс“.
„Дејли мејл“ објави видео на кое Дикаприо и Черети се бакнуваа во ноќен клуб на Ибица.
Дикаприо и Черети првпат беа видени во јавност на Ибица на 9 август.
Дикаприо беше забележан дури и како ја поддржува Черети во странство додека таа чекореше по модните писти на Модната недела во Милано оваа недела.
Странските медиуми пишуваат дека врската помеѓу холивудскиот заводник и италијанската манекенка не е само обичен флерт или афера.
Манекенката претходно беше во брак со њујоршкиот диџеј Матео Милери.
Да потсетиме, веќе е добро познато дека Дикаприо најчесто избира девојки кои имаат најмногу 25 години и дека долго време, барем не официјално, не започнал врска со некој кој во тој момент имал повеќе од споменатиот број на години.
Инаку, светските медиуми многупати се занимаваа со темата „зошто Леонардо Дикаприо не излегува со девојки постари од 25 години“, но таа енигма сè уште никој не ја разрешил.
Некогашната холивудска надеж: На 19 години ме советуваа да имам секс со Дикаприо за да успеам
ФОТО | Камила Мороне „уловена“ на плажа: Девојката на Дикаприо е природна убавица