ВИДЕО: Саркози на суд, се наоѓа пред серија обвинувања

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска ќе се појави пред суд под обвинение за корупција и злоупотреба на влијание.

„Гардијан” пренесува дека ова е првиот судски случај од неколкуте истраги што се водат против овој десничарски политичар, кој беше на челот на Франција во периодот од 2007 до 2012 година, и сега за првпат ќе се појави пред судија по неколкугодишните обиди да се отфрлат или поништат обвиненијата.

Во случајот познат како „скандал со прислушувањето”, обвинителството тврди дека Саркози и неговиот адвокат Тиери Херцог се обиделе да го поткупат судијата Жилбер Азибер да им предаде тајни информации од посебната истрага против овој поранешен француски лидер. Саркози е обвинет дека на судијата Азибер му понудил да му обезбеди пријатно работно место на Азурниот брег.

Саркози се наоѓа пред серија обвинувањата, од тоа дека примал нелегално средства од убиениот либиски лидер Моамер ел-Гадафи за финанасирање на својата кампања, до примање наводен потпуп од продажбата на оружје во Пакистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот