ВИДЕО: Сараево ја славеше победата на Бајден со големо дефиле низ улиците

Во Сараево во неделата се славеше изборната победа на Џо Бајден на изборите за 46-ти претседател на САД.

Висок претставник на меѓународната заедница за БиХ Валентин Инцко изрази очекување дека „новиот станар во Белата куќа ќе сврти нов лист“ во односите и кон Балканот и кон БиХ.

Со дефиле низ главните улици во Сараево, граѓаните го прославија резултатот на американските претседателски избори, а од автомобилите кои правеа „славеничка галама“ се виореа знамињата на Америка и БиХ.

Градската управа на Сараево одлучи во чест на победата на Бајден да постават свечено осветлување на зградата на градското собрание што е пракса во случаите кога главниот град на БиХ одбележува значајни настани.

ВИДЕО+ФОТО: Прва жртва на прославата на победата на Бајден, убиен маж во Сиетл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот