фото: EPA-EFE/Miguel Tona

ВИДЕО | Сансет запиша хет-трик за Атлетик Билбао против Жирона на Миовски

Фудбалерите на Атлетик Билбао убедливо на домашен терен ја совладаа Жирона (3:0) во 23 коло од најсилното шпанско првенство.

Атлетик Билбао ја продолжи одличната низа во Ла Лига од 14 натпревари по ред без пораз.

Најзаслужен за новиот триумф беше Сансет кој ги постигна сите три голови во 42, 45+1` и 79 минута од средбата.

За гостите поради повреда не настапи македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Атлетик Билбао е на четвртото место со 44, додека Жирона после 10 пораз сезонава е на седмата позиција со 31 бод.

Во следното коло Атлетик Билбао на 16 февруари ќе му гостува на Еспањол, додека два дена порано Жирона ќе го пречека Хетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот