Фото: San Antonio Spurs

ВИДЕО | Сан Антонио со пресврт до победа над Лејкерс, не помогна ниту одличниот Дејвис

Koшаркарите на Сан Антонио Спарс славеа победа на гости кај Лос Анџелес Лејекерс со 102:126 и тоа во натпревар во кој до третата четвртина имаа негатива.

Спарс со одлична игра во последниот период успеаја да дојдат до триумф. Не му помогна на Лејкерс ниту одличниот настап на Ентони Дејвис кој средбата ја заврши со дабл-дабл од 30 поени и 13 скока. Во редовите на Сан Антонио се истакнаа Кесл и Вембанјама со по 23 поени.

Изминатата вечер победа забележа вториот тим од Лос Анџелес, Клиперси беа подобри од Мајами Хит со 109:98. Домаќините беа подобар противник и заслужено славеа на Флорида. Во редовите на поразените најдобар беше Тајлор Хиро со 32 поени, а кај Клиперс Пауел постигна 29, Харден додаде 26.

Од останатите натпревари за издвојување е настапот на Едвардс од Минесота кој во победата над Вашингтон од 106:120 постигна 41 поен, Детроит славеше во Њујорк со 119:124, Хјустон беше подобар од Мемфис со 120:118, а Тороно се радуваше над Голден Стејт со 104:101.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот