Фото: EPA/ADAM DAVIS

ВИДЕО | Сан Антонио победи во Њујорк и намали на 2:1 во финалето на НБА

Кошаркарите на Сан Антонио спарс ги победија Њујорк никс со 115:111 на гостински терен и го намалија резултатот во серијата на 2:1 во финалето на НБА лигата. Спарс им го нанесоа првиот пораз на Никс по 46 дена и потенцијално ја спасија сезоната пред публиката во Медисон Сквер Гарден, меѓу која беше и претседателот на САД, Доналд Трамп.

Никс ја прекинаа својата серија од 13 победи, втора најдолга во историјата на НБА плејофот, и пропуштија шанса да се доближат на чекор од освојување на првата шампионска титула од 1973 година.

Виктор Вембањама го предводеше Сан Антонио со 32 поени, осум скока и шест асистенции. Стефон Касл додаде 23, додека Дирон Фокс имаше 12 поени и осум асистенции.

Никсите, кои загубија за прв пат од 23 април, беа предводени од Џејлен Бренсон со 32 поени, Оџи Ануноби додаде 28, а Џош Харт имаше 16 поени и девет скока.

Четвртиот натпревар од финалето ќе се игра во среда навечер, повторно во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот