Фото: Јутјуб/Принтскрин

ВИДЕО | Само најпаметните го знаат решението: Можете ли да ги однесете сите луѓе на другата страна на реката?

Многу јапонски компании го даваат токму овој тест на кандидатите кои доаѓаат на интервјуа за работа.

Овој тест е познат и како јапонски тест за интелигенција. Задачата е да се префрлат сите од еден до друг брег на реката со помош на сплав, но под посебни услови.

За да го решите, мора да ги следите следниве правила:

  • Сплавот може да превезува најмногу две лица истовремено.
  • Таткото не смее да остане без мајка во друштво на своите ќерки.
  • Мајката не смее да остане во друштво на своите синови без да присуствува таткото.
  • Крадецот не смее да биде оставен сам со член на семејството без присутен полицаец.
  • Крадецот може да остане сам на брегот, нема да избега.
  • Само полицаец, таткото и мајката можат да управуваат со сплавот.

Обидете се да ја решите загатката, а ако не можете, погледнете го решението во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот