ВИДЕО | Салимовски: Со донациите ќе продолжиме со „Рома рок скул“ и музичкото образование за децата од економски загрозени семејства

Невладината „Рома рок скул“ овозможува музичко образование за ромски млади и деца од економски загрозени семејства. Во текот на април тие спроведоа акција за донации со кои ќе се купат инструменти и ќе се обезбеди продолжување на бесплатните часови по музика за децата претежно од ромската заедница.

„Од 5 до 23 април трае кампањата на „Глобал гивинг“, една од најголемите платформи за собирање средства на невладини органзации, ние сме една од трите организации од Македонија на оваа платформа, што за нас претставува голем успех. Влеговме во оваа кампања за да ја продолжиме нашата работа со учениците од „Рома рок скул“, односно да обезбедиме бесплатно музичко образование за сите ученици, не само Роми, туку и од другите заедници. Родителите на овие ученици немаат доволно финансиски средства за да нивните деца посетуваат приватни музички училишта или да им купат инстументи и покрај тоа што поседуваат голем музички талент. Ние во „Рома рок скул“ им овозможуваме бесплатни часови, имаме наставници скоро за секој инструмент и бидејќи во април ни завршува проектот што го имаме со „Музичари без граници“, бараме начин како да продолжиме бидејќи во овие три години низ „Рома рок скул“ поминале повеќе од 70 ученици од кои 30 се активни и функционираат веќе четири бендови. Доколку престане овој проект учениците не би имале можност да ги развиваат своите таленти“, вели за Утрински брифинг Алвин Салимовски, раководител на „Рома рок скул“.

Тој кажа дека дека целта е да се соберат 25 илјади долари за да се обезбеди музичко образование за 30 ученици, за една година. Досега се веќе собрани околу 5 илјади долари со што е исполнет условот за да проектот биде видлив на веб страницата на „Глобал гивинг“, но нивната цел се’ уште не е постигната. Утре (сабота, 17 април) ќе се одржи завршен онлајн концерт на кој ќе настапат учениците на „Рома рок скул“ заедно со учениците од „Mitrovica Rock School“ и „Музичари без граници“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот