ВИДЕО: Сакраменто кингс после 17 години ќе игра во плеј-офот

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во НБА лигата кошаркарите на Сакраменто славеа против Портланд со 120:80 и со тоа по 17 години обезбедија пласман во плеј-офот.

Кингси играат одлично оваа сезона и успеаја да го обезбедат своето место во доигрувањето од натпреварувањето за титулата.

Во оваа убедлива победа тимот на Сакраменто го предводеше Малик Монк со 19 поени, еден помалку постигна Диарон Фокс, а одличен повторно беше Домантас Сабонис кој имаше нов „дабл-дабл“ со 15 поени и 12 скокови.

Портланд беше без помошта на Демиен Лилард, па во негово отсуство најефикасен беше Шарп со 30 поени, Нокс имаше 12 поени и исто толку скокови, исто толку поени постигна и Вокер.

По оваа победа Сакраменто оствари учинок од 46:30 и се наоѓа на третото место на табелата во Западната конференција, додека Портланд по четвртиот пораз во низа има биланс од 32 победи и 44 порази и се наоѓа на 13 место.

НБА лига, резултати

Филаделфија сиксерс – Далас маверикс 116-108
Индијана пејсерс – Милвоки бакс 136-149
Бруклин нетс – Хјустон рокетс 123-114
Њујорк никс – Мајами хит 101-92
Чикаго булс – Лос Анџелес лејкерс 110-121
Мемфис гризлис – Лос Анџелес клиперс 132-141
Оклахома Сити тандер – Детроит пистонс 107-106
Сан Антонио спарс – Јута џез 117-128
Феникс санс – Минесота тимбервулвс 107-100
Портланд Трејл блејзерс – Сакраменто кингс 80-120

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот