ВИДЕО | Скандалозен потег на Дончиќ во поразот на Далас

Фото: Screenshot

Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига балканските ѕвезди беа во центарот на вниманието, а посебно се истакна Лука Дончиќ со скандалозна гестикулација која може да му донесе сериозна суспензија.

Во натпревар со драматична завршница Далас беше поразен од Голден Стејт со 125:122. Дончиќ на 1.7 секунда до крајот имаше обид да поентира и да изнуди прекршок од Дрејмонд Грин. Но, Дончиќ освен што промаши зицер, не доби ниту прекршок.

Таквата одлука на судиите го налути словенeчкиот кошаркар, па кон записничката маса испрати гестикулација која асоцира на пари, алудирајќи дека судиите се платени против нив. Ваквите потези се строго забранети и Дончиќ можеби го чека сериозна казна.

Инаку, бројките во натпреварот за Дончиќ повторно беа одлични, постигна 30 поени и додаде 17 асистенции и седум скока. Во редовите на Голден Стејт најефикасен беше Куминга со 22 поени, а Стеф Кари постигна 20 поени и додаде 13 асистенции.

До дабл-дабл стигна и Никола Јокиќ во поразот на Денвер од Вашингтон. Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поен и 12 скокови со што беше најдобар на теренот. Кај Вашингтон Порзингис уфрли 25 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон – Денвер 104-118, Далас – Голден стејт 125-127, Мајами – Њујорк 127-120, Торонто – Индијана 114-118, Чикаго – Филаделфија 91-116, Мемфис – Хјустон 130-125, Милвоки – Сан Антонио 130-94, Минесота – Атланта 125-124, Јута – Портланд 115-127, ЛА Лејкерс – Феникс 122-111.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот