ВИДЕО | Саити од Црвен крст: Нашите волонтери се во првите борбени редови во време на ковид-19, горди сме на тоа

Саит Саити од Црвен крст/ Фото: Архива на Слободен печат

Црвениот крст на Република Северна Македонија 25 години бележи значајни достигнувања во својот развој, надградба на капацитети, реформи во правна рамка, програмска и проектна соработка со домашни и меѓународни организации, за што е добитник на многу признанија и награди како и со сертификат за силно национално друштво.

Соочен со многу предизвици во изминатиот период кои ги надмина со преземање на итни и конкретни мерки, успеа да одговори на истите за што говори домашната и меѓународната јавност.

Во 1995 година Црвениот крст на Република Северна Македонија стана рамноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Гостин во Утрински брифинг беше Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, кој истакна дека за светскиот ден на волонтеризмот ќе имаат настан под појкровителство на претседателот Пендаровски, кога на сите волонтери ќе им се оддаде признанија во врска со активностите кои ги имаат во време на пандемијата. Оваа година признанието ќе биде за сите волонтери кои се над 2.000 на број. Не можеме да одвоиме никого и затоа сите ќе бидат наградени.

-Волонтеризмот е идеологија на Црвениот крст и ние вложуваме во него. Направивме преглед и во моментов има 2.500 вклучено кои се вклучени во разни активности. Ние не сме државна институција и во Македонија има посебен легс специјалис. Ние имаме улога и на помагање на властите, аполитична организација. Повеќето од парите ги добиваме од проекти- внатрешни и надворешни. Имаме 33 општински организации. Во нашите редови имаме и 10.000 волонтери кои повремено се вклучуваат во работата. Професионално има ангажирано нешто над 150 лица.

Целиот разговор со Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити погледнете го во видеото.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот