ВИДЕО | Сагата продолжува: Објавени говорни пораки од Бритни Спирс – „Затворена сум, заробена и лишена од моите граѓански права“

бритни спирс
Бритни Спирс, Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Поранешниот менаџер на Бритни Спирс, Сем Лутфи, сподели со јавноста неколку стари говорни пораки од поп ѕвездата кои докажуваат дека се бори да стави крај на нејзиното старателство повеќе од една деценија.

Лутфи за „Page Six“ рекол дека „ги објавил и во минатото“, но повторното објавување на „Инстаграм“ привлече големо внимание поради неодамнешниот подем на движењето „#FreeBritney“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Lutfi (@welikesam)

„Сите беа оставени на мојот телефон“, рекол Лутфи, кој тврдел дека ѝ бил менаџер на Бритни од 2007 до 2008 година. Лутфи, кој претходно беше обвинет од семејството на пејачката за нејзиниот јавен дебакл во 2007 година, ги подели пораките на четири одделни објави на „Инстаграм“.

Првото видео

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Lutfi (@welikesam)

Првото видео прикажува досега невидена фотографија на Спирс, сега 39-годишна, како го држи нејзиниот син Шон Престон. Може да се слушне како вели:

„Сакам да излезам од старателската ситуација. Ме уценуваат со посети на моите бебиња. Затворена сум, заробена и лишена од моите граѓански права. И барам од државата Калифорнија да го разгледа овој случај затоа што сметам дека е незаконски. Чао.”

Второто видео

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Lutfi (@welikesam)

Во второто видео, на кое е прикажана со уште една стара фотографија со двајцата нејзини синови, Престон и Џејден Џејмс се слуша како пејачката тврди дека нејзиниот татко Џејми Спирс се заканувал дека ќе и ги одземе децата. Во зборовите на Бритни:

„Повторно се јавувам затоа што сакав да ти кажам дека за време на процесот на елиминирање на старателството татко ми, ми се закануваше неколку пати дека ќе ми ги одземе децата. Сакам само да ми се гарантира дека сè ќе биде добро со процесот и дека вие момци се грижите за сè и дека работите ќе останат исти во однос на старателството на моите деца“.

Третото видео

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Lutfi (@welikesam)

Во третото видео, за кое Лутфи вели во описот дека е веројатно од 2009 година, Бритни бара нов адвокат. Претходно овој месец, таа конечно доби нов адвокат, Метју Розенгарт, но ова покажува дека таа веќе некое време се борела да го отстрани адвокат назначен од судот, Самуел Д. Ингам III.

„Сакам Џон Еардли и Џон Патерсон да ме застапуваат како адвокати назначени од судот за мои најдобри интереси и мои најдобри желби“.

Во мај 2008 година, калифорнискиот суд ја одбил понудата на Еардли да го оспори Џејми како правен сопственик на лицето и имотот на Бритни. На Бритни ѝ била одредена мерка за забрана за приближување за Лутфи во февруари 2008 година, истиот ден кога започнало нејзиното старателство. Таа добила втора забрана во јануари 2009 година против Лутфи, Еардли и нејзиното поранешно момче Аднан Галиб.

Четвртото видео

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Lutfi (@welikesam)

На последното видео има снимка од е-маил од февруари 2008 година, во кое Бритни вели дека е „со здрав ум и тело“ и дека сакала Еардли да ја претставува.

„Ме држат против мојата волја. Не можам да ги остварам моите уставни права“.

Во описот, Лутфи тврди: „Никогаш немаше некој одвнатре што ќе помогне. Овие повици се на мојот телефон, овие повици ме чинеа многу пари на суд, го оцрнија моето име и ми ја распараа душата, немав идеја каде да се обратам, никој не слушаше, никој не се грижеше. Не можам да верувам дека ништо не се промени. Никогаш нема да ѝ се вратат тие години, на нејзините деца им беше одземено огромно парче историја со нивната мајка “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот