ВИДЕО: САД „руши“ рекорди на починати од ковид-19, експертите стравуваат дека за празниците ситуацијата ќе се влоши

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Во САД во изминатото деноноќие се регистрирани рекордни над 3.700 смртни случаи од Ковид-19 и исто така рекордни 250.000 случаи на инфекција со новиот коронавирус.

Според Министерството за здравство на САД, околу 113.000 лица во моментов се хоспитализирани поради коронавирусот, и вкупно 3.784 смртни случаи, додека бројот на починати од тој вирус го надминува прагот од 3.000 по третпат за една недела.

Здравствените експерти ја обвинуваат големата семејна прослава на Денот на благодарноста пред три недели кога милиони Американци отпатуваа да им се придружат на своите најблиски за порастот на заразените и смртните случаи. Експертите стравуваат дека ситуацијата дополнително ќе се влоши за време на претстојните празници.

Огромна кампања за вакцинација започната во понеделникот во САД нема да предизвика веднаш да се запре вирусот, бидејќи ќе поминат месеци пред да се имунизира доволно голема популација, предупредуваат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот