ВИДЕО: САД оддадоа почит на жртвите од ковид-19, Бајден едвај ги задржа солзите

Џо Бајден / Фото: Sipa USA / ddp USA / Profimedia

САД оддадоа почит на повеќе од 500.000 жртви на ковид-19, а американскиот претседател Џо Бајден повика на единство во борбата против пандемијата и нареди знамињата во целата земја до петок да бидат спуштени на пола копје заради овој трагичен биланс, пренесуваат странските медиуми.

Медиумите наведуваат дека со минута молк, со 500 запалени свеќи, на скалите на Белата куќа, претседателот Џо Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Елмхоф оддадоа почит за 500.000 Американци починати од коронавирусот, а ѕвоното на Националната катедрала во Вашингтон симболично ѕвонеа 500 пати во чест на починатите.

Претседателот Бајден и се обрати на нацијата по повод трагичниот број на жртви и повика на уште поголемо единство во борбата против пандемијата.

САД вчера пријавија повеќе од 28 милиони случаи на ковид-19 и 500.264 починати, а околу 19 отсто од сите смртни случаи поврзани со пандемијата се регистрирани во САД, што се загрижувачки податоци бидејќи оваа држава содржи само четири отсто од светската популација.

– Поминавме полошо од било која друга земја, а сме многу развиени и богати. Имаме 500.000 жртви. Тоа е неверојатна бројка, изјави водечкиот епидемиолог Ентони Фаучи за телевизиската мрежа Еј-Би-Си, наведува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот