ВИДЕО: Сад најави санкции за Кина ако се меша во изборот на новиот Далај Лама

Американските власти усвоија закон со кој може да се воведат санкции за кинеските власти доколку се мешаат во процесот на назначување на следниот Далај Лама.

Конгресот на САД со големо мнозинство донесе закон за ова прашање, кој беше критикуван од Пекинг како „грубо мешање во внатрешните работи на Кина”.

Законот за Тибет е вклучен во законот за буџет, кој предвидува мерки за поддршка на американската економија. Законот вчера го потпиша американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Според законот, изборот на нов Далај Лама и друг монаси „е исклучиво духовно прашање и тие одлуки ги донесуваат религиозните власти во рамките на тибетската будистичка традиција”.

САД ќе воведат санкции против кинеските власти кои „директно ќе се мешаат во идентификувањето и устоличувањето на идниот 15-ти Далај Лама”, се наведува во законот.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот