ВИДЕО | Русковска: Ако Камчев не е во притвор ќе побегне, исто и за Јанакиески има индиции за бегство

Вилма Русковска, шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција/Фото: Слободен печат

Зборувајќи за случајот „Империја“ во кој еден од обвинетите е бизнисменот Јордан Камчев како и за случајот „Плацеви на Водно“ поради кој тој остана во притвор и покрај понудената гаранција во готвина и во недвижен имот, обвинителката Вилма Русковска е децидна дека тој ќе остане во притвор и понатаму.

-Одбраната го исполитизира случајот со тоа што викаше меѓународни набљудувачи. Јас лично сум немала притисок од било кого. Зборував во обвинителката за случајот и таа е  апсолутно сигурно дека ако се пушти Камчев од притвор би избегал, рече шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во гостувањето во Утрински брифинг.

Во однос на случаите во кои е обвинет поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески, обвинителската рече дека и за него има индиции за бегство.

-Имаме првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци. Има предмети во кои е обвинет и се во завршна фаза. Замислите ако биде прогласен за виновен по половина од тие предмети. Мој впечаток кога би добил уште некој пресуда, би побегнал, нагласи Русковска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот