ВИДЕО | Руски тенкови се кријат во градините додека украинските беспилотни летала пукаат кон нив

руски тенкови
Руски тенкови / Илустративна фотографија, EPA-EFE

Новите снимки покажуваат како украински беспилотни летала уништуваат руски тенкови кои се обидуваат да се засолнат во дворовите на околните куќи

Беспилотни летала забележале тенкови кои се движат околу селото Зиркуни, пред да се обидат да се сокријат во градините во регионот Харков. Еден од тенковите е снимен како се враќа во двор покриен со дрвја, а зад него оди војник.

Во еден момент, тенковската посада се качува во бобреното оклнопно возило додека обидувајќи се да да ја прикријат својата позиција.

Но, листовите не направија доволно камуфлажа на руските тенкови. Нападите со беспилотни летала пристигнаа неколку моменти подоцна, уништувајќи ги

Во украинските дворови може да се видат траги од руските тенковите кои се обидуваат неуспешно да се заштитат,. Остатоците од уништените тенкови биле оставени да чадат покрај патот.

Пред да навлезат тенковите во оваа област, руската артилерија направи артилериски бараж со цел да им олесни на оклпните возила безбедно да навлезат во областа.

Но, очигледно  не сметаа на нападот од воздух на украинските дронови. Во оваа војна дроновите се покажаа како фатални за моќните руски тенкови кои немаат никаков успех во борбата со нив.

Градот стана главна цел во последните денови додека Москва се обидува да ги опколи украинските сили на исток и целосно да ги окупира провинциите Луганск и Доњецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот