ВИДЕО: Руски свештеник кажува како „правилно“ се убиваат Украинци: „Не пуштајте ракети без молитва“

Фото: Твитер

Рускиот свештеник Андреј Ткачев одржа контроверзен говор пред верници, со кој повика на бомбардирање на Украина, но не без да се изрече молитва пред ракетите „Град“, со фразата „Господи, помилуј“, пренесуваат независните руски медиуми.

„Не опремувајте пакет (повеќецевен фрлач на ракети, н.з.) „Град“ без молитва. Ја ставаш секоја „цигара“ и: „Господи, помилуј, Господи, помилуј, Господи, помилуј“. И така натаму, и така натаму. Не затоа што сакаш, туку затоа што треба“, повика свештеникот во бизарната проповед.

Ткачев, исто така, им го објасни на оние што ја слушаа неговата проповед „тајното духовно значење“ на војната во Украина. Тој ја нарече Русија „единствената цивилизација што не сака да „танцува на мелодијата“ на западните земји“. Според него, Русија решила да ги наметне своите вредности на Украина и поради тоа започнала инвазија врз соседната земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот