ВИДЕО | Руски сенатор: Русија се бори против една од најдобро обучените армии

Франтс Клинцевич/ Фото Твитер скриншот

Рускиот сенатор Франтс Клинцевич тврди дека бавниот напредок на неговата земја во Украина е поради тоа што силите на Москва се борат против војниците „со ист менталитет како нашиот“, пишува Би-Би-Си.

Говорејќи на руската државна телевизија, Клинцевич рече дека „специјалната воена операција“ на Русија се одвива „со прилично тешкотија“, додавајќи дека не сака никого да навреди.

Тој ја нарече војската на Украина „една од најсилните и најдобро обучените армии“ и рече дека „ние се бориме против руски војници и офицери“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот