ВИДЕО | Руски регрути негодуваат за мобилизацијата: „Платете ни или пуштете нѐ дома“

Фото: Твитер/принтскрин

Група регрути на руската војска, кои неодамна биле мобилизирани, јавно негодуваа и ги повикаа властите да им платат на оние кои се мобилизирани, како што им било ветено, наводно се гледа на снимка која беше објавена од независниот портал Sota Vision.

На снимката, за која се вели дека доаѓа од регионот Омск на југозападот од земјата, се гледаат десетици униформирани регрути, од кои еден ги соопштува барањата – да ги добијат парите и бенефициите кои им биле ветени од властите, а во спротивно да бидат пуштени дома за да си ги прехранат семејствата.

„Имаме прашање. Прво: Ќе има ли плати за оние што се мобилизирани? Зборувам за материјална помош што им е потребна на нашите семејства, тие мора да јадат. Нас можат да нѐ испратат одовде и не знаеме што ќе се случи со нас. Тоа е нашето прво прашање, бидејќи знаеме дека во други региони ги плаќаат мобилизирани и сѐ е стабилно. Се разбира, се надеваме на најдоброто и подготвени сме да одиме. Тука сме, поддржувајте нѐ нас и нашите семејства“, вели мобилизираниот Русин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот