ВИДЕО | Руски ракетен напад уби 11 луѓе во Лозова, меѓу кои и 11-годишно дете

Фото: принтскрин

Во ракетирањето на градот Лозова, во украинскиот регион Харков, денеска загинаа 11 луѓе, изјави попладнево украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На снимката која Зеленски ја објави на социјалните мрежи, се гледа објектот и веднаш потоа силната експлозија и облакот од чад што се крева над зградата погодена од проектил.

Зеленски на Фејсбук напиша дека ракетирана била зградата на Домот на културата во Лозова и дека во нападот загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.

„Окупаторите ги прогласија културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат такви цели? Апсолутно зло, апсолутна глупост”, напиша Зеленски.

Видео на денот