ВИДЕО | Руски блогер починал од екстремен предизвик: 40 дена без вода и храна

youtube
принтскрин

Рускиот блогер Виталиј Виграновски починал по 40 дена гладување, пишува рускиот портал „NTV“.

Виграновски на својот јутјуб-канал објавил дека ќе се обиде да издржи 40 дена без храна. Експериментот го започнал во март во Москва.

По десет дена почнал да се чувствува лошо и рекол дека го нервира „атмосферата на градот“. Затоа решил да замине во Абхазија каде го продолжил својот експеримент – штрајк со глад.

По дваесет дена, како што изјавил, се чувствувал „целосно исчистен“. Во исто време, тој истакнал дека изгубил многу килограми и дека веќе нема сила за каква било физичка активност.

Сепак, решил да го продолжи експериментот, и покрај фактот дека тој „се чувствувал како да умира“.

И како помина? Тоа е само игра што ја прифатив. Многу е интересно. Нема повеќе паразити, веќе немам желба за храна. Телото е целосно обновено, секоја клетка“, истакнал Виграновски.

Подоцна, неговите познаници на социјалните мрежи почнале да пишуваат дека блогерот починал на самиот крај од својот предизвик со глад, но точната причина за смртта сè уште не е позната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот