ВИДЕО | Руската младина тотално „откачи“ на Тик Ток поради палатата на Путин: Објавата на Навални предизвика вистинска виртуелна треска

Откако рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, на посебно креирана веб страна за оваа намена објави видео и 3Д фотографии од палата со терен за хокеј, киносала, стриптиз клуб, казино и подземна црква на Црно Море за која тврди дека е во сопственост на Владимир Путин интернетот се преплави со фотомонтажи.

ВИДЕО+ФОТО I Навални објави фотографии од наводната луксузна резиденција на Путин, Кремљ тврди дека ова е апсурдно

И додека во светот сè уште не стивнува виралната „меме треска“ со американскиот сенатор Берни Сандерс, на мета на интернет корисниците во Русија се најде токму рускиот претседател и раскошната палата.

@serebkaaВсе имена и события вымышлены, любые совпадения с реальными людьми и событиями чистая случайность?✌? ##дворец ##россиябудетсвободной♬ оригинальный звук – ghukasyan alyona

ФОТО | Хит на социјалните мрежи: Некој од Град Скопје одлучил да го фотошопира Берни Сандерс на скопските клупи

Руските тинејџери на Тик Ток се потсмеваат на резиденцијата која според Навални чинела една милијарда евра и се наоѓа на површина од 7.000. На видеата на оваа социјална мрежа, младите направиле фотомонтажи во кои ги „лепат“ своите фотографии на фотографиите од луксузната вила.

@yublkhn##дворец ##навальный ##кальян♬ Konfuz x Скриптонит – DJ VZLETЗа секојдневна забава и одржување на физичка кондиција во палатата има лускузна сзала за вежбање со електрична тркачка патека, голема теретана со џудо душеци. Дизајнерот на овој објект посветил внимание да има и простории за релаксација како специјално опремена соба за видео игри, затемнета просторија за пушење наргиле и ликсузни бањи и базени.

@yaneruskyну это же наш дворец тоже???##юмор ##приколы ##навальный ##23января ##расследованиенавальный ##путин ##дворец♬ Originalton – CrazyandwildboyжПалатата има и библиотека со просторија за читање и просторија за слушање музика.

@vlad_cyladКак вам кальяночка? ##дворец ##навальный♬ Dancing in My Room – 347aidan

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот