ВИДЕО | Руска инфлуенсерка протерана од Бали, се фотографирала гола на свето дрво

Фото: Фејсбук

Руска инфлуенсерка и нејзиниот сопруг биле протерани од островот Бали бидејќи таа се фотографирала гола на свето дрво и со тоа ги прекршила локалните културни обичаи, соопштија индонезиските власти.

Алина Фазлеева, која има илјадници следбеници на Инстаграм, позирала гола на 700-годишно дрво банана (бенгалска смоква) на местото на храмот во округот Табанан. Фотографијата, која ја снимил  нејзиниот сопруг Андреј Фазлеев, а објавена на Инстаграм и стана вирална, го налути локалното хинду население.

„Тие се занимавале со активности кои го загрозуваат јавниот ред и не ги почитуваат локалните обичаи“, изјавил за новинарите Џамарули Манихурук од Службата за имиграција на Бали.

Алин и Андреј ќе бидат „казнети и протерани“ и ќе им биде забрането да престојуваат низ цела Индонезија најмалку шест месеци, а „исто така ќе мора да се подложат и на обред на прочистување на светото место според локалните верувања“, рекол тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MNCNewsroom (@mncnewsroom)

Алина Фазлеева се извинила на Инстаграм и признала дека направила „голема грешка“.

„Има многу свети места на Бали, но не се сите означени“, ја објаснила таа причината за својот престап.

Гувернерот на Бали, Вајан Костер, предупреди дека нема да толерира туристи кои не ја почитуваат локалната култура или хиндуизмот, доминантната религија на островот. Речиси 200 луѓе се протерани од Бали, култен туристички остров, поради кршење на мерките на ограничувањата во пандемијата на ковид-19.

Во април, индонезиските власти протераа канадски актер и самопрогласен гуру на среќата, кој објави видео на кое танцува гол на планината Батур, вулкан на Бали, кој се смета за свет. Канаѓанецот на тој рид целосно гол го заигра ритуалниот танц на новозеландските Маори.

Алина, во меѓувреме, додека трае целата драма околу неа, го затвори својот профил на Инстаграм.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот