ВИДЕО | Русинка цели 23 години не ја скратила косата, ја мие двапати неделно

Фото: Принтскрин / TikTok

 Mедицинската сестра и модел од Русија, која ја растела косата 23 години, открива дека нејзината коса е толку долга што речиси ја допира земјата.

Поради својата долга коса, која ѝ ги допира стапалата, оваа девојка привлекува огромно внимание на јавноста и мажите од целиот свет.

 

@angelika_1mЧик чик ##длинныеволосы♬ оригинальный звук – Angelika_anzhelika

Изненадувачки, Анџелика Баранова (28) од Иркутск, Русија, вели дека нејзината коса не бара многу одржување. Ја мие двапати неделно и ја остава да се исуши на природен начин, на воздух. Сепак, признава дека во целиот процес единствено сушењето ја исцрпува, бидејќи потребни се повеќе од три часа за косата да ѝ биде сосема сува.

Овој современа Златокоса користи специјален чешел за расчешлување, бидејќи поради должината на косата, влакната ѝ создаваат јазли. Затоа, многу внимателно ја чешла.

@angelika_1m##д ##волос♬ Can’t Take My Eyes off You – Craymer & AIIVAWN

И покрај „проблемите“ што ги има со косата, Анџелика вели дека никогаш нема да ја скрати косата, бидејќи таа и нејзиното семејство се емотивно врзани за неа.

– Моите најблиски, исто како и јас, ја обожаваат мојата коса и се согласуваат дека никогаш не треба да ја скратам – заклучила Анџелика.

Иако признава дека понекогаш може да биде непријатно, Анџелика вели дека вреди за радоста што ја добива од својата коса.

 

@angelika_1mЭто для тех кто не видит смысла в длинных волосах🤭🥰🥰🥰 ##оченьдлинныеволосы♬ Unlock it (Lock It) [Jeff Prior Mix] – Charli XCX

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот