ВИДЕО | Русија лансираше дронови со термобарични боеви глави врз три украински градови
Војната во Украина влегува во 989-ти ден. Во текот на ноќта беа извршени напади со беспилотни летала на Киев, Одеса и Харков.
Во пристанишниот град Одеса, украинските служби за итни случаи соопштија дека едно лице загинало, а девет се ранети во нападите извршени доцна синоќа. Како што се додава во соопштението, избувнале пожари во куќи и магацини.
Како што е прецизирано, руските сили го извршиле нападот со нападни беспилотни летала.
Russian drone attack on #Odesa region: One killed, nine injured#russiaisaterroriststate
https://t.co/xhCznMYlyN— Ukrinform-EN (@Ukrinform_News) November 8, 2024
Во Харков, вториот по големина град во Украина лоциран во североисточниот дел на земјата, најмалку 25 лица се ранети во текот на ноќта во руски напад врз станбена зграда, изјави градоначалникот Игор Терехов.
Swarm of russian – iranian attack drones now with thermobaric warheads attacks Odesa overnight https://t.co/mSZpiAVB5D
— Ukraine Front Line (@EuromaidanPR) November 8, 2024
Шефот на регионалната државна администрација во Харков, рече дека Русите фрлиле бомби од 500 килограми за време на воздушниот напад врз Харков.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак исто така на мрежата Телеграм изјави дека Русите синоќа намерно нападнале станбен блок во Харков, како и дека со ракети го нападнале Киев.
Воената управа на Киев соопшти дека е активирана противвоздушна одбрана во главниот град, кој од почетокот на ноември и во текот на дваесет дена од октомври речиси секој ден е цел на напади со беспилотни летала.
Народниот правобранител Дмитриј Лубинец објави дека се уште има луѓе под урнатините.
Како што јавија агенциите, бројот на загинати во вчерашните руски напади врз јужниот украински град Запорожје се искачи на осум.
‼️ Kharkiv after this night.
🔴 The second biggest military in the world used 500 kg glide bombs against a residential building, a park, a shopping center, and a McDonald’s. #Ukraine #UkraineWar pic.twitter.com/lsgQT1alBR
— Ania_In_UA 🇺🇦 (@Ania_In_UA) November 8, 2024
Бомби вчера погодија болница и станбени згради во Запорожје, соопштија локалните власти.
Russian overnight attack injured 38 people Kyiv, Odesa, Kharkiv oblasts
Russian forces launched guided bombs, missiles, & drones at multiple Ukrainian cities overnight, causing casualties and damage to civilian infrastructure.https://t.co/V1ozMMwt9R
— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) November 8, 2024