ВИДЕО: Роналдо за историја, Елмас и Наполи без Суперкуп трофејот!

epa08917745 Juventus? Cristiano Ronaldo celebrates scoring his second goal during the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs Udinese Calcio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 03 January 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Вечерва во Реџо Емилија Андреа Пирло стигна до првиот трофеј како тренер, во овој случај на клупата на „Старата дама“. Играчите на Јувентус го освоија Суперкупот на Италија откако во финалето славеа против Наполи со резултат 2:0.

Првиот гол беше дело на ѕвездата на италијанскиот шампион, Кристијано Роналдо, кој го запиша 760 погодок во кариерата, и така според голем број на светски медиуми и статистички релевантни извори, стана најдобриот стрелец на сите времиња.

Има еден гол повеќе од Јозеф Бицан, славниот чехословачки голгетер, кој настапуваше во периодот од 1931 и 1955 година. Роналдо забележа пет гола за Спортинг, 118 за Манчестер јунајтед, 82 за Јувентус, 450 за Реал и 102 за репрезентацијата на Португалија.

Пеле, според тие податоци е трет со 757 голови, Лионел Меси има 742, Ромарио 734, Герд Милер 720, Ференц Пушкаш 706, Еузебио 615..Еден релевантен извор и тоа Светската фудбалска федерација (ФИФА) тврди дека Бицан е на врвот, на нивниот официјален сајт стои податок од 805 голови во кариерата. Спрема останатите извори тие 46 голови се постигнати на неофицијални натпревари.

Бразилскиот клуб Сантош пак тврди дека Пеле во кариерата запишал дури 1091 гол, но признаваат дека 448 погодоци се реализирани во пријателски мечеви. Во секој случај фудбалскиот свет го слави „кралот на стрелците“ – Кристијано Роналдо.

Три минути после погодокот на Роналдо, во игра кај „наполитанците“ влезе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како замена за Тјемуе Бакајоко.

Во 80 минута Наполи можеше да израмни од пенал, но истиот не го реализираше Инсиње. Казната стигна во самиот финиш од средбата кога (90+5`) конечниот епилог го постави Мората после асистенцијата на Квадрадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот