ВИДЕО | Роналдо: Кариерата ќе ја завршам на 40 години, дојдов во Ал Наср да рушам рекорди

Фото: EPA-EFE/STR

Кристијано Роналдо пред два дена го постигна првиот гол во Саудиска Арабија и тоа од пенал во 93. минута за бод на Ал Наср.

Трансферот на Роналдо во Ал Наср значеше и негово заминување од Европа, а според последната изјава Португалецот нема намера да се враќа назад и негова цел сега е да руши рекорди во Саудиска Арабија.

„Кариерата веројатно ќе ја завршам на 40 години, сакам да играм уште две, можеби и три години. Но, сепак не знам што носи иднината, понекогаш вие имате план, но животот ви носи нешто неочекувано. Во Европа ги срушив сите рекорди, сега сакам да рушам рекорди тука. Дојдов да победувам и да бидам дел од успехот на овој тим“, изјави Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот