ВИДЕО: Роналдо го круниса јубилејот со два гола против Џенова и Пандев!

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Во неговиот 100 натпревар во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо придонесе во новиот триумф на својот клуб на гостувањето кај Џенова (1:3).

Џенова немаше сили за изненадување против актуелниот бранител на титулата, го претрпе и седмиот пораз и останува во зоната за испаѓање од лигата на претпоследната 19 позиција со шест бода.

Мрежите мируваа во првите 45 минута, но затоа во второто полувреме стрелците беа расположени, прво во предност дојде „Старата дама“ со погодокот на Дибала (57`).

Само четири минути подоцна домаќините израмнија преку Стураро после асистенцијата на Пелегрини.

Потоа на сцена стапи Роналдо кој забележа два голови и ги реши сите дилеми околу победникот. Од 82 минута при негатива од 1:2 во игра кај Џенова настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев како замена за Николо Ровела.

Кога сме веќе кај Португалецот, во досегашните 100 мечеви за Јувентус запиша 79 погодоци и 19 асистенции.

После овие три бода Јуве е на четвртото место во генералниот пласман со 23 бодови, три помалку зад водечкиот Милан кој има меч помалку. А во наредното коло на 16 декември токму „росонерите“ ќе гостуваат кај Џенова.

ВИДЕО: Елмас од клупата го гледаше пресвртот на Наполи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот