ВИДЕО: Роналдињо стана рапер, неговата песна е хит во Бразил

принтскрин

Играта на Роналдињо на фудбалските терени отсекогаш изгледаше како самба, а дека музиката му е во крвта покажува и неговиот нов проект.
Бразилецот влезе во хип-хоп водите како лидер на проектот „Tropa de Bruxo“. Славниот бразилски фудбалер на проектот работи како партнер, продуцент но и режисер.
– Музиката отсекогаш била дел од мојот живот. Бев пријател со многу самба групи. Ме мотивираше ефектот кој музиката го има на луѓето, а компонирањето музика отсекогаш ме превлекувало – изјави Роналдињо.

Tropa de Bruxo“ дебитираше за време на божикните празници и нивната прва песна досега има повеќе од 2.5 милиони прегледи на Јутјуб, а Роналдињо исто така се појавува во спотот. Исто така гледаме дека пее заедно со останатите членови на групата, но за жал не може да ги слушнеме неговите гласовни можности и тоа можеби ќе се промени во иднинна.
– Отсекогаш сум ги сакам, рапот, хип хоп, а трапот е многу популарен во последните години. Поинаков е, стана хит меѓу младите, тоа е жанр со малку правила кој ги користи социјалните мрежи за експанзија – додава Роналдињо.
Новиот спот треба да се појави наскоро, а поранешниот бразилски репрезентативец најави дека до крајот на годинава ќе има уште осум нови синглови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот