ВИДЕО: Романски пратеник се појави гол на онлајн седница, не знаеше да ја ислучи камерата

Фото: Принтскрин

Романскиот пратеник од Социјалдемократите (ПСД) Алберто-Иосиф Караијан преку својот лаптоп за време на директен пренос на онлајн состанок се појави целосно гол.

Тој завршил со туширањето во моментот кога колешката која претседавала со состанокот го повикала да се обрати. Еден од присутните му кажал да ја исклучи камерата.

„Не можам да ја исклучам. Се извинувам. Не знам како да ја исклучам“, изјавил Алберто.

Советникот се извини за грешката.

„Технологијата си игра со мене. За жал, ја платив цената на тоа што се брзав. Жал ми е поради овој ‘инцидент’“, напишал Карајан на Фејсбук.

Конекцијата со видео конференција што ја користи, значела дека камерата автоматски се вклучува кога микрофонот е вклучен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот