ВИДЕО: Рома непријатно изненадена во италијанската Серија А

Венеција непријатно ја изненади римската „волчица“/Венеција, Италија/7 ноември 2021/Фото: EPA-EFE/ALESSIO MARINI

Доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на римската „волчица“ со голема еуфорија беше проследено, како и од медиумите и навивачи, но после серијата на лоши резултати на неговиот клуб сликата целосно се промени во Италија.

Најнов удар Рома доживеа денеска на гостувањето во Венеција во 12 коло од Серија А, каде после пресврт во второто полувреме беше поразена со 3:2 со голем број пропуштени шанси.

Калдара уште во третата минута ги израдува домаќините со водство, а непосредно пред паузата за 1:2 се погрижија Шомуродов и Абрахам.

Во второто полувреме Араму од пенал го израмни резултатот, а конечниот епилог го постави Окереке во 74 минута на стадионот „Пјерлуиџи Пенцо“.

Ова е петти пораз (втор по ред) на римскиот клуб и остана на петтото место со 19 бодови, а Венеција изби на 14 позиција со 12 освоени бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот