ВИДЕО: Ројс го приближи Дортмунд на само еден бод од лидерот Баерн

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Екипата на Борусија Дортмунд благодарение на голот на Марко Ројс во финишот од натпреварот со 2:1 го совлада Штутгарт во 12 коло од Бундеслигата.

„Милионерите“ доминираа на натпреварот, имаа поголем посед на топката, упатија повеќе шутеви кон голот на противникот, но мораа да се намачат за да дојдат до победата.

Борусија Дортмунд поведе со голот на Мален во 56 минута, но гостите само седум минути подоцна дојдоа до изрманување преку Роберто Масимо. Победата и трите бода за „милионерите“ ги обезбеди Марко Ројс со голот во 85 минута.

Со оваа победа, Борусија има 27 бода и му се приближи на лидерот на табелата Баерн Минхен на само еден бод.

Баер Леверкузен благодарение на голот на Амине Адли во четвртата минута оствари минимален триумф над Бохум.
Хофенхајм приреди изненадување и со 2:0 го совлада Лајпциг. Диадие Самасеку во 12 минута му донесе водство на Хофенхајм, а победата ја завери манус Дабур.


Резултати:
Арминија – Волфсбург 2:2
Баер Л. – Бохум 1:0
Борусија М. – Гројтер Фурт 4:0
Борусија Д. – Штутгарт 2:1
Хофенхајм – Лајпциг 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот