ВИДЕО: Родриго доби лекција откако не се поздрави со Анчелоти на мечот со Виљареал

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти му замери на играчот на неговиот тим Родриго, кој не се ракуваше со него откако беше заменет во осминафиналето од Кралскиот куп против Виљареал.

Бразилецот ја напушти играта во 56 минута, а потоа луто зборуваше со некој од клупата на „кралскиот“ клуб.

Италијанскиот стратег Анчелоти подоцна откри дека неговите пораки биле насочени кон Родриго.

– Тој беше сменет затоа што беше малку уморен и решив да не ризикувам. Не ме поздрави затоа што мислам дека заборавил, не гледам друга причина. Му реков да не заборави да се ракува за време на замените – истакна Анчелоти.

Реал на полувремето имаше негатива од 2:0, но успеа да направи пресврт (3:2) и да се пласира во четвртфиналето на Кралскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот