ВИДЕО: Роџерс го надмудри Биелса, Алиоски играше и против Лестер!

Фото: EPA-EFE/Peter Powell/POOL

Вечерва на „Иланд роуд“ стадионот во рамките од седмото коло во Премиер лигата составот на Лидс загуби убедливо од Лестер со 1:4 (0:2). Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски за домаќините настапи од 81 минута како замена за Далас при резултат 1:3.

Во текот на првото полувреме уште во втората минута грешка на одбранбениот играч на Лидс, Кох, Варди асистираше до Барнс на кој не му беше тешко да реализира. Уште едно невнимание во одбраната на Биелса, иако за момент одбрани Меслие топката се одби до Тјелеманс кој со глава ја затресе мрежата за зголемување на предноста.

Надежите дека можат домашните играчи да останат непоразени ги активираше Далас на стартот од вториот дел. На прв момент изгледаше како центаршут во казнетиот простор на гостите, никој не ја допре таа топка, го измами и Шмајхел, за намалување на 1:2.

Фудбалерите на Брендан Роџерс не се повлекоа и со нивното искуство до крајот на средбата постигнаа уште два гола со кои беше дотолчен ривалот. Ундер на еден итар начин му асистираше на Варди во 76 минута, а конечниот епилог го постави Тјелеманс со својот втор погодок на натпреварот од пенал (90+1`).

Денеска се одигра уште еден дуел, Фулам со 2:0 беше подобар од Вест Бромвич. На табелата Лестер со петтиот триумф сезонава е на второто место со 15 бода, само еден помалку зад водечкиот Ливерпул, додека Лидс е на 12 позиција со 10 бода. Клубот на нашиот Алиоски во наредното премиерлигашко коло на 7 ноември ќе гостува кај Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот