ВИДЕО | Роберт Билбилов искрено: Kога во своето дете ќе си ги видиш сопствените маани, тоа истовремено и те нервира и те засмева

Роберт Билбилов веќе 20 години е дел од македонската музичката сцена и како композитор и како пејач.

Билбилов во интервју за „Репортер“ прозборе за своите почетоци, откривајќи дека не мислел да пее, ама „Тајните ангели“ која некогаш беше хит, наместо да ја даде на пејачот за кого ја напишал, ја задржал за себе. Раде Врчаковски-Врчак, го наговорил за оваа работа и така од композитор, Билбилов стана и пејач.

Она што тргнало на шега, за Роберт денес е сериозна професија, а веќе работи и на третиот албум кој ќе излезе до крајот на годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction)

Неговиот татко, починатиот композитор Хилми Билбил, е автор на една од најпопуларните фолк-песни кај нас, „Бисер балкански“. Па не случајно и на Билбилов компонирањето му е во гените. Од дете ги учел тајните на музиката и сѐ она што ќе му кажел татко му.

Татко ми почина кога имав 15 години. Знам, ќе ми оставеше касета со некоја песна и пред да оди на работа ќе ми речеше да пробам да ги најдам нотите. Во тоа време се натпреварував со него, сакав да му покажам дека можам да завршам сè, па знаев и уморен и ненаспан да го чекам да си дојде за да му се пофалам“, се сеќава Роберт, кој со многу емоции зборува за својот татко и како што вели, често на својот син му раскажува приказни за детството и времето поминато со познатиот композитор.

„Давид сака да знае сè за дедо му, ме прашува за него. Разговараме ние и за девојки, има симпатии и страв му е едната да не му се налути заради другата. И многу ме потсетува на мене. Знаеш, кога во своето дете ќе си ги видиш сопствените маани, тоа истовремено и те нервира и те засмева“, раскажа Роберт за „Репортер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Bilbilov (@justrbproduction)

Роберт во интервјуто се присети на времето кога се дружел со Јован Јованов и Врчак. Тој откри и во какви односи е сега со поранешната сопруга Ана со која беше во брак пет години и со која го има синот Давид.

И покрај разделбата, со Ана научивме да функционираме како родители на нашето дете”, вели Роберт.

Целото интервју можете да го видите овде:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот