ВИДЕО | Ризаов: Мора да бидеме прагматични, мудри во политиките за да ги избегнеме последиците од бугарските ставови

Природно е едно општество да реагира кога е под притисок поради непризнавање на некои идентитески посебности на нацијата. Тоа не е случај само во Македонија, туку и во целиот свет. Идентитскиот порив така се зголемува, па тоа е и случај со ова што се случува последно време во односите помеѓу Бугарија и Македонија кога одредени историски работи различно се толкуваат во двете земји, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ новинарот Ерол Ризаов.

-Постои силен притисок врз Македонија. Договорот за добрососедство мислам дека мораше да почне, не од историјата туку од современоста, што ќе ја вратеше малку довербата меѓу двете земји и ќе овозможеше во поинаков амбиент да се разговара. Веројатно е политички потег на Бугарија да дигне една радикална позиција во Македонија и да предизвика едни реакции многу пожестоки од ова што се случува и со тоа да ја изедначи одговорноста и да се прикаже пред Европа дека со Македонија не може да се разговара и преговара за влез во ЕУ, истакна новинарот Ерол Ризаов.

Ризаов мисли дека во една работа веројатно и ќе има согласност, а тоа се учебниџите и претставување на историјата во нив.

Новинарот Ерол Ризаов, гостин во „Утрински брифинг“

-Знаете дека Франција и Германија 7 години за тоа разговараа. Значи не ја менуваа историјата, туку со помош на дидактичари, педагози, методичари, со помош на науката се внесуваат изрази кои не предизвикуваат омраза меѓу денешнит Французи и Германци, кои 200 години војуваа во сите светски војни. Така што ако на нив им требаа 7 години, сигурно на Балканот му требаат 10 години. Тоа требаше да биде последното прашање, вели Ризаов и додава дека болката на Бугарија е Втората светска војна.

Мора да имаме предвид фактот дека 400 години, сите денешни држави биле под Османлиската империја.

-Тогашните пописи не се под национална туку поод верска припадност. Природно е ако Бугарија и Србија направиле национални држави порано од Македонија и го кодофицирале јазикот 60-70 години пред нас, природна е инклинацијата на нашите револуционери кои се бореле за автономија на Македонија во рамките на турската империја да инклинираат кон Србија и Бугарија. Малку луѓе знаат дека турската империја прави национална држава само 20 години пред Македонија 1923. Само 12 години турската национална-парламентарна држава прави нов литературен јазик и нова азбука. Од арапско писмо се преминува на латинично. Или ако сакате сосема нов јазик. Сакам да кажам дека мора да бидеме прагматични, мудри во политиките за да излеземе од оваа ситуација, односно последиците од овој бугарски став, смета Ризаов.

Новинарот Ерол Ризаов, гостин во „Утрински брифинг“

Ризаов вели дека Преспанскиот договор го анулира ставот на Бугарија.

-Тој предвидува да има обврски од двете страни во подолг период од почнување на преговорите. Ако Македонија нема преговори, тогаш голем дел од тие обврски може да не се спроведат. Правно не го рушиш, но станува неодржлив. Вториот удар е кон ОН. 30 години се потрошени во преговори меѓу двете држави, не сметајќи дека Бугарија ќе се јави следната. Третиот удар е кон ЕУ и нејзиниот углед- вели новинарот Ризаов.

Целиот разговорот со новинарот Ерол Ризаов погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот