ВИДЕО | Рита Ора е воодушевена: Македонец настапи во австралискиот „The Voice“

Скопјанецот Леонардо Илиев, познат како Роџер, е 20-годишно момче кое живее во Австралија со своето семејство, а веќе некое време се занимава со музика и сака да изгради кариера како рапер.
Како и повеќето млади артисти, кои сакаат да имаат успех на музичката сцена, така и тој си ја испроба среќата во музичкото натпреварување „The Voice“.
View this post on Instagram
За разлика од останатите кандидати кои се претставуваат познати песни на светски музички ѕвезди, Леонардо настапи со својата авторска песна „Nasty“.
Жири-комисијата, чиј член е и светски познатата Рита Ора, беше воодушевена од ритамот на песната и енергијата на младиот Македонец.
Во продолжение, проследете го неговиот енергичен настап.
Видео на денот