ВИДЕО: Ристовска во Топ 5 најдобри голови на колото во Лигата на шампионите

фото: Пресс-служба ПГК ЦСКА

Македонската репрезентативка повторно е во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Топ 5 најдобри голови на колото во женската ракометна Лига на шампионките.

Сара Ристовска која ги брани боите на рускиот клуб ЦСКА Москва го има петтиот најдобар погодок, реализиран во гостинската победа над Кристиансанд.

Нашето десно крило на дуелот против Норвежанките постигна вкупно четири голови.

Во групата „Б“ води Ѓер со максимални 10 бодови, по шест имаат МЕц, Оденз и ЦСКА Москва, по четири Кристиансанд и Савехоф, два Крим, а без бодови е Кастамону.

Покрај Ристовска, во изборот на ЕХФ се и Фрида Намо Ронинг (БВ Борусија 09 Дортмунд), Кристине Бреистол (Тим Есбјерг), Бруна Де Паула (Мец Хандбал) и Јулија Манагарова (Ростов-Дон).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот