ВИДЕО | Ристевска: Со новата претстава, Интимен театар им помага на жените во третото доба

Режисерката Софија Ристевска гостин во Утрински брифинг/Фото: Слободен печат

Во Битола на сцената на „Интимен театар“ повторно беше поставена претстава од циклусот документарни претстави насловен „Жени“ од страна на режисерката Софија Ристевска која е и основач на овој приватен театар. Во овој тип на претстави самите протагонисти не се професионални актери туку жени без актерско искуство.

-Неколку години постои таа платформа во „Интимен театар“ кадешто ја даваме сцената на обични луѓе, граѓани од нашата локална заедница. Значи во 2019 година почнавме да работиме со жени болни од рак на дојка. Направивме претстава со три жени кои со години се среќаваат во хотел Театар, тоа е објектот кадешто се наоѓа „Интимен театар“. Мојата сестра е доктор и психијатар и работи со тие жени пружајќи им психолошка помош, си споделуваат искустра меѓу себе и со 3 од тие жени во 2019 ја направивме првата престава од циклусот Жени, значи самите жени глумеа во претставата. Тоа е документарна форма на театар кога ние како театар не ги користиме само нивните приказни а потоа професионални актери да ги играат тие приказни туку напротив самите жени се изворот од коишто доаѓаат нивните стории, животни искуства, проблеми и самите жени глумат на сцена. И оваа година сега, на 20 ноември имавме втора претстава жени од тој циклус документарни претстави Жени. Претставата беше поддржана од Министерството за култура и Општина Битола и овој пат работевме со три жени кои зборуваа за пензионирањето, повторно ракот, но не доминираше, емиграцијата, осаменоста, најмногу животот периодот кога жената се пензионира и тоа што се случува со неа тогаш, вели режисерката Ристевска во гостувањето во Утрински брифинг.

Според неа, овој тип на театар каде се акцентираат проблемите во една заедница, активно се практикува во Европа, а кај нас е интересно што овие жени од претставата имаат своја публика која ги следи, ликот е подиректен, процесот е строго менаџиран и секога е предизвик да се работи со натушчици зошто се е поразлично.

-Театарот е многу моќна алатка, ги обединува сите уметности, и ликовна и музичка, но  пред се ја дава сцената за вербално изразување на ставови. Многу често тие ставови може да бидат и политички во смисла на граѓанско-активистички ставови. Осаменоста на луѓето третото доба, за нивната активност или неактивност, за нивните емоции – што им се случува во помалите градови, каде помладите луѓе масовно го напуштаат градот и нивните родители остануваат буквално сами и треба да им се даде трибината, платформата, сцената да говорат за тоа како се чувствуваат според мене е еден политички чин, граѓанско – активистичка акција. Јас мислам дека и понатаму театарот ќе го користам само во такви цели за да им дадам глас на невидливите, на обичните луѓе, некогаш маргинализирани, некогаш не толку. Ова се едни регуларни граѓани коишто имаат право да говорат, рече режисерката Ристевска.

Таа најави дека претставата Жени ќе продолжи да се изведува на сцената на Интимен театар, а можно е да има и гостувања во наредниот период зошто спред неа претставата има терапевсско влијание врз учесничките и го подобрува квалитетот на живот на обичниот граѓанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот