ВИДЕО| Ристески: Независните синдикалци се докажани, станавме страв и трепет за државата

Ние како независни синдикати веќе сме докажани. Нашите настапи се јавни и видливи за работниците. Ако некој мисли дека независните синдикати ќе ги стави на маргините, лоша проценка направил, изјави во Утрински брифинг Марјан Ристески, претседател на КСОМ.

Ние ги детектираме проблемите јавно ги кажуваме. Од нашиот настап може само да се има корист. Имаме тим и екипа и сакал некој да признае или не страв и трепет и за државата станавме, додаде Ристески.

Наша заложба е да разговараме со работниците и да ги детектираме проблемите. Ништо не можеш да научиш од канцеларија и знам дека треба да се спуштиш доле и да разговараш со работниците, вели Ристески.

Корупцијата е страшна работа во државата. Спуштени сме на незавидно ниво. Мислам дека законите ги прават, за жал, луѓе кои се мајстори и знаат кај да остават мал простор и да се случи таа корупција. Сите тврдат дека имаме закони, но јас велам немаме. Мора Владата да се насочи и да го реши ова, смета Ристески.

Како Синдикат се уште го немаме петтиот пакет мерки. По ова што го видовме од медиумите една од мерките е барање да се поништат каматите и граѓаните да го платат основниот долкг. Ние ова го поздравуваме, но една ваква мерка треба да се спроведе посуштински. Ова што се прави во ЈП треба да се направи и во приватниот сектор. Предлагаме да се измени Законот за облигациони односи и да се направи каматата кога ќе го достигне главниот долг, тука да се замрзне. И тогаш извршителот и компанијата и било кој нема да има интерес да ги чува овие предмети, вели Ристески.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот