ВИДЕО: Римско дерби за уживање, Мурињо немаше решение за Лацио

Спектакл на „Олимпико“, Лацио подобар во градското дерби од Рома/Рим, Италија/26 септември 2021/Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani

Фудбалерите на Лацио славеа вечерва во градското римско дерби против Рома со резултат 3:2 во шестото коло од италијанската Серија А.

Стрелци за „небесно-сините“ беа српскиот репрезентативец Милинковиќ Савиќ во 10, Педро во 19 и Андерсон во 63 минута од средбата на стадионот „Олимпико“.

Головите за римската „волчица“ ги реализираа Ибањес во 41 и Верету од пенал во 69 минута од мечот.

Лацио е шестопласиран со 11 бодови, додека Рома е на четвртата позиција со еден бод повеќе.

Во следното коло Лацио ќе гостува кај екипата на Болоња, а играчите на Жозе Мурињо ќе бидат домаќини на Емполи.

Претходно Емполи славеше над Болоња (4:2), Сасуоло славеше со 1:0 над Салернитана, Удинезе без повредениот македонски репрезентативец Илија Несторовски загуби од Фиорентина (0;1), а Јувентус со 3:2 ја совлада Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот